Фернандо Алонсо е импресиониран од напредокот на Рено. Според двократниот светски шампион Ф1 тимот има се што е потребно за успешна иднина во Формула 1. По двегодишно отсуство, тој се враќа на трките следната година со францускиот тим, со кој ги освои двете титули во 2005 и 2006 година.
На почетокот на овој месец, Алонсо ја посети фабриката на тимот во Енстоун и даде мерки за седиште и први тестови со симулаторот на тимот. Се очекува Шпанецот да учествува на тестовите за млади возачи во Абу Даби. Рено веќе преговара со ФИА за ова прашање со учество на искусниот Шпанец на тестот за нови таленти. Шпанецот отпатува и за Вири-Шатијон во Франција за да се состане со техничарите на Рено.
– Импресиониран сум од она што го видов во фабриката на тимот. Добро е да се види Рено повторно конкурентен. На последните натпреварувања тие се борат со екипите во челото, што е охрабрувачки и за возачите и за тимот. Напредокот е видлив, и ова, како што знаеме, е исклучително тешко да се постигне. Тимот ги има сите ресурси за успешна иднина во Формула 1. Со нетрпение очекувам да го изнесам болидот на патеката за првите тестови, заклучи Шпанецот.