Баерн Минхен вечерва придодаде нов трофеј во својата богата ризница. Актуелниот европски, германски првак го освои и националниот Суперкуп совладувајќи ја Борусија Дортмунд со 3:2. За Баварците ова е осма титула во Суперкупот, а веднаш зад нив е Борусија Дортмунд со освоени шест.
Суперкупот е натпревар во кој победникот од лигата и победникот од Купот се среќаваат на почетокот на сезоната, но бидејќи Баерн ги освои двата трофеи минатата година, тие играа со второпласираната екипа во Бундеслигата, Борусија Дортмунд.
Баерн почна жестоко и дојде до водство преку Толисо во 18. минута по одличниот контранапад. Милер зголеми на 2:0, кој убаво погоди со глава по центаршутот на Дејвис.
Борусија не се предаде. Стаса до израмнување (2:2) со погодоците на Брант и Халанд.
Баварците во финишот од натпреварот со сите сили тргнаа по нов погодок, а еден од опасните напади во победнички погодок го претвори Кимих.
Kimmich scores off his own rebound to give Bayern the late lead over Dortmund in the Supercup final 👀
https://t.co/PIkx6TMCSf— Back Again W/Troopz Podcast (@backagain) September 30, 2020