Унгарската Влада тврди дека без никакво појаснување Твитер им го суспендирал официјалниот налог на таа социјална мрежа.
„Се чини дека дојде овој нов доблесен свет, во кој технолошките гиганти ги замолчуваат оние што имаат поинакво мислење. Ги презедовме потребните чекори и очекуваме официјално објаснување од Твитер”, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Фејсбук.
Тој рече дека „ова е многу интересно со оглед на фактот дека Европската комисија денеска ќе го објави првиот извештај за владеењето на правото”.
Кога суспендира нечиј налог, се појавува следната забелешка: Твитер суспендира налози кои ги прекршуваат правилата на Твитер”. Како прекршување на правилата на Твитер, меѓу другото се наведуваат говор на омраза, поттикнување на насилство, објавување манипулативни вести и слично.