Француското Министерство за внатрешни работи денеска го ревидираше надолу бројот на убиства извршени во 2019 година во земјата, појаснувајќи дека за 12 месеци се извршени 880 убиства, што е за 90 помалку од 970-те соопштени во јануари. Во првата анализа на статистичката служба на мнистерството во јануари покажа зголемување на убиствата од девет отсто во текот на една година, за да сега се сведе на плус четири отсто.
Оваа ревизија надолу се објаснува со „напредокот на истрагите” и со „грешките во евиденцијата” што „може да предизвика двојно броење на жртвите”, објаснува службата во својот извештај. Со исклучок на убиствата, ревидирањето на другите податоци за деликвенција се минимални, додава статситичката служба.
Така, како што покажа привремениот извештај за јануари, 2019 година повторно е обележана со нагло зголемување на сексуалното насилство (+ 12 отсто) со забележани 53.000 инциденти. Во 2018 година, сексуалното насилство нагло се зголеми (+ 19 отсто). Во контекст на слободата на говорот поврзан со движењето # Митуу, процентот на жртви на сексуално насилство кои поднеле жалба за факти кои датираат повеќе од една година, исто така, се зголеми во 2019 година, подвлекува статистичката служба. И особено, процентот на поплаки за факти кои датираат од повеќе од пет години, што порасна од 12,3 отсто на почетокот на 2016 година на 14 отсто на крајот на 2019 година.
Измамите и сличните прекршоци, исто така, се зголемија за плус 11 отсто, „додека трендот на раст беше помалку изразен во 2017 и 2018 година”.
Повредите и физичките напади врз луѓето на возраст од 15 години или повеќе се зголемија за осум отсто во 2019 година, со евидентирани 260.000 жртви. Исклучок е семејното насилство, каде зголемувањето е намалено на четири отсто.