Тренерот на Барселона, Роналд Куман изрази надеж дека тимот ќе привлече уште еден централен напаѓач до крајот на трансфер периодот.
Холанѓанецот рече дека сака по двајца играчи по пост и дека ќе се потпира на Мартин Брајтвајт, но сепак му треба уште еден чист напаѓач. Барселона сè уште преговара за Мемфис Депај, кој е главна трансфер цел на Куман во овој момент, но Каталонците не можат да се договорат со Лион за цената на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
Сепак, Депај не одговара точно на профилот за кој зборува стручњакот.
– Мартин ми служи, но би сакал да имам двајца играчи на позиција. Лео и Гризман можат да играат како „деветки”, но тие не се тип на централни напаѓачи како Мартин. Бараме друг, рече Куман.
Трансфер пазарот се затвора во понеделник, 5 октомври.