Рускиот заменик министер за надворешни работи, Андреј Руденко, попладнево изјави дека Русија, заедно со САД и Франција, прави активни напори за намалување на тензиите и за деескалација на ситуацијата во регионот Нагорно-Карабах.
Русија, појасни Руденеко, како копретседател на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), заедно со САД и Франција, прават напори за надминување на тензиите и воспоставување прекин на огнот во Нагорно-Карабах, јави Анса.
Во неделата во спорниот кавкаски регион Нагорно-Карабах, што формално му припаѓа на Азербејџан, но во кој живее мнозинско ерменско етничко населние, почнаа судири меѓу соседните држави Азербејџан и Ерменија.
Оттогаш двете земји меѓусебно се обвинуваат за почнување на жестоките воени дејствија, а досега има стотици загинати и повредени војници и цивили на двете страни.