Стефан Ристовски отстранет од првиот тим на Спортинг

Стефан Ристовски е остранет од првиот тим на Спортинг Лисабон, и се соочува со проблеми. Поради конфликт со тренерот Рубен Аморим, Ристовски дури може и да го напушти тимот на Спортинг во овој преоден рок.

Има неколку шпекулации зошто дошло до несогласување. Една од нив и онаа која е поради тоа што Ристовски не беше во комбинација за последниот меч на Спортинг против Пасош Фереира, со што не му се допаднало на Ристовски, па нашиот репрезентативец барал образложение. Наводно тренерот Аморим не бил задоволен од работата на фудбалерот на тренинзите.

И натаму не е позната официјално ситуацијата со Ристовски, а ова се големи проблеми за Спортинг пред утрешниот меч со ЛАСК, како и за селекторот Игор Ангеловски пред важниот дуел со Косово.

Треба да знаете
Последни објави