Филипче: Kaвга со повишен тон е причина за оставките на сестрите од Инфективна

Трите медицински сестри кои поднесоа оставки и заминаа на одмор, поради расправии на повишен тон одлучиле да ја напуштат клиниката.

Ова му го кажале на министерот Филипче на утринската средба. Не планирале да одат да работат во приватни болници, а дали Филипче успеал да ги убеди да останат на Инфективна ќе се знае по завршување на нивниот одмор.

– Работат под стрес, често дежураат, а и трите се најискусните во болницата. Попладне на лице место ќе одам и на Инфективна да разговарам со нивните колеги и раководните лица, изјави Филипче. Министерот за здравство вели дека медицинските сестри како профил не се деградирани и се вложува и во нив, иако, главната сестра на Инфективна токму деградирањето и непочитувањето го навела како причина за оставката.

Треба да знаете
Последни објави