Министерата за образование и наука, Мила Царовска го објави ТВ распоредот на часови за учениците од прво до деветто одделение низ девет фотографии на нејзиниот Фејсбук профил. Учебната година почнува утре и ќе се одржува комбинирано онлајн и со физичко присуство.
– Настава на телевизија – погледнете го распоредот на часови за децата од прво до деветто одделение.
Едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици, најави Царовска.
Оваа година, додаде таа, е различна од останатите и апелира до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови.
– Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат, нагласи министерката за образование и наука.