Бред Пит сака Џилијан Арменанте да сведочи на судењето за старателство

Правниот тим на хоивудската ѕвезда Бред Пит , наводно, планира да ја повика Џилијан Арменанте –  актерка која глумеше со Анџелина Џоли во драмата Girl, Interrupted – да сведочи на претстојното судење за старателство на поранешната славна двојка.

Списокот на сведоци за Пит, поднесен на 21 септември, вклучува терапевт, чувар и бројни психолози, пишува „Ју-ес викли“.

Пит исто така ќе сведочи, а неговите адвокати вкрстено ќе ја испрашуваат Џоли, тврди сајтот.

Според истиот извор, судењето за старателство над нивните шест деца треба да се одржи од 5 до 23 октомври.

Поранешната двојка е заглавена во горчлива битка за старателство уште од разделбата во 2016 година, а тензиите меѓу нив ескалираа до тој степен што тие веќе не одат на семејна терапија пред судењето за старателство закажано за следниот месец.

Треба да знаете
Последни објави