Денеска во Општина Кисела Вода во општинските основни училишта со детски песнички и ведрина на лицата на учениците започна новата учебна година.
Часовите се одвиваа во посебни услови, согласно планот за реализација на наставата и протоколот за постапување за безбеден образовен процес за учениците од прво до трето одделение. За другите ученици часовите ќе се изведуваат преку националната платформа за учење од далечина.
Осумте основни училишта примија вкупно 636 првачиња.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во свое име и во име на општината на учениците од прво до трето одделние, кои денес започнаа настава со физичко присуство и на учениците кои ќе следат настава од далечина им посакува среќна, успешна и безбедна учебна година.