Стрип центарот на Македонија-Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот 18. меѓународен стрип конкурс „Велес 2020“.
Прво место „Златен стрп” во парична награда обезбедена од Општина Велес ќе добијат: Марко Стојановиќ Србија -Сценарио , Милорад Вицановиќ Маза (Бања Лука БИХ) и Аљоша ТомиЌ Србија –Колор „ТHE ANCIENT- ДРЕВНИОТ”.
Второто место му припадна на Дејан Богојевиќ –Ваљево од Србија (сценарио), Ана и Сара Живковиќ од Белра, Србија (цртеж и колор) за стрипот „Напад” и на Даниел Данил од Романија за стрипот „CLOCOCIOV”.
Третото место им припадна на Катерина Тери Николова (цртеж) и Александар Стеванов за стрипот „Приказна за безбојното мече” и Исмет Ердиќ од БиХ за стрипот „Превид”.
Додека, наградата за најдобар македонски стрип ќе ја добие Ѓорги Антевски од Куманово за стрипот „Катарза”.
– СЦМ-Велес ја продолжува својата улога на организација -ментор, во интерес на развојот на деветата уметност на Балканот. Но, мораме исто така да подвлечеме дека за прв пат досега, бројот на пријавени стрип автори од земјава е поголем од бројот на автори од другите земји. Имено, од вкупно пријавено 176 автори 106 се од земјава, информира Трајков.