Чекаваме една недела надевајќи се дека вљубениот градоначалник во ликот и делото на ,,херојот” Зоран Заев да се свести и да и се извини на македонската јавност и на ВМРО за вербалниот гаф. Меѓутоа кога на вратот му тежат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела (фалсификување исправа и злоупотреба на службената положба и овластување) тогаш сакал или не сакал наместо да се засрами и извини по се изгледа дека ќе мора во иднина и погласно и појасно да повторува и да изјавув: ,,Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни……Државата ќе ни стане како Швајцарија”. Иако сме свесни дека изјавувачот со двете нозе е во ист ,,чевел”, сепак сметаме дека еден човек кој себеси се претставува како вмровец мора и во таква ситуација да има или пак да покаже барем грам достоинство и храброст.
Кривичните пријави против ,,благонадежниот“ кадар на СДСМ во редовите на ВМРО и вљубеник во премиерот, датираат од месец октомври 2018 година, поточно истите беа поднесени од страна на МВР пред почетокот на гласањето за уставни измени во Собранието на Република Македонија. И оттогаш одвреме навреме, во зависност од потребите, почнуваат бладањата на самоумислениот ,,иден” лидер на ВМРО по теркот и наредбите од СДСМ.
Анализирајќи ја изјава на благонадежниот градоначалник се посигурно станува дека ,,флексибилниот премиер” е способен и е на чекор до релизирање на нереализирана идеја и неостварениот сон на Ванчо Михајлов, ,,Македонија, Швајцарија на Балканите”. Поради товарот на кривичните пријави и другите релации благонадежниот градоначалник и бизнисмен нема сила и капацитет да сфати дека поради политиката на замижување, замолчување и непрепознавање на вистинските национални и државни интереси од страна на флексибилниот, во таквата ,,Швајцарија на Балканите” ќе ја нема Македонија и Македонците, а уште помалку ќе бидат потребни вакви или слични политички умилкувачи и додворувачи.
ФРОДЕМ на овој благонадежен сдсмовски кадар во редовите на ВМРО му порачува да собере храброст да се извини на вмровските гласачи и да поднесе оставка на функцијата градоначалник. Само со оставка делумно ќе ја ублажи срамноста, ступидноста и бесмисленоста на изјавата.