Фудбалските шампиони на Хрватска, Динамо загреб и на Србија , Црвена звезда изборија пласман во групната фаза од второт по ранг клупско натпреаврување Лига Европа, откако вечерва беа пуспешни од своите ривали Флора, односно Арарат.
Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо од Загреб, Аријан Адеми го одведе својот тим до групната фаза со два погодока во мрежата на естонскиот тим Флора (3:1). Адеми беше стрелец на вториот и третиот погодок за тимот од Максимир. Во листата на стрелците за Динмао се запиша и Гаврановиќ.
Црвена ѕвезда како гостин на неутрелен терен го совлада ерменскиот Арарат со 2-1 и четврта сезона во низа ќе игра во групна фаза во едно од двете клупски натпреварувања на УЕФА. Во претходните две сезони белградскиот тим учествуваше во групите од ЛШ.
Тимот на Дејан Станковиќ до предност од 2-0 стигна со головите на Катаи и Фалчинели, кои ја тресеа мрежата на „домаќинот“ во 45. и 60. минута од мечот. Арарат за момент се врати во игра преку Лима во 72 минута.
Пласман во групната фаза од ЛЕ обезбеди Лех Познан со триумфот од 2-1 над Шарлоа. Гранада за првпат во клупската историја се пласира во групите со победата од 3-1 против Малме, додека ПСВ беше подобар од Розенборг со конечни 2-0. Либерец во судиското надополнување со реализираниот пенал го елиминира Апоел со минимални 1-0.