Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за начинот на организација на маратонот за оваа година.
Обраќање на прес-конференцијата ќе имаат и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заменик директорот на Агенција за млади и спорт, Измит Нура и атлетичари кои што веќе учествувале на маратонот.
Виз Ер Скопски маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а главни покровители на маратонот се Град Скопје, Канцеларијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт. Ова е еден од најстарите спортски настани кои што со години го движат спортскиот живот и мотивацијата за здрав живот кај нас. Под мотото „Трчањето ќе ве промени”, Виз Ер Скопски маратон оваа година ќе биде спроведен под специјални протоколи со цел заштита на јавното здравје од пандемијата од Ковид-19, најавуваат организаторите.