Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека вонредната состојба беше искористена единствено за полнење на џебовите на одредени функционери од СДСМ, коментирајќи ги обвинувањата на премиерот Зоран Заев дека се деструктивни бидејќи не сакаат да ги изгласаат вонредните состојби иако и самите ги барале.
-Да, морам да напоменам дека ВМРО ДПМНЕ бараше кризна па вонредна состојба бидејќи ја разбиравме сериозноста на пандемијата, која што за жал и сега не е завршена, и се тоа е вина на СДСМ и старо новата влада. Иако беше воведена вонредна состојба за справување со КОВИД пандемијата, таа вонредна состојба беше искористена единствено за личен интерес и за полнење на џебовите на одредени функционери од СДСМ и од владата вклучително и Зоран Заев. Во најголемиот тек на пандемија кога сите апелираа и политичките партии и опозицијата ВМРО ДПМНЕ ние и граѓаните, но и сите останати фирми, компании да се работи во насока на справување со економската и здравствената криза која што ни следеше Зоран Заев наместо тоа со неговиот тим, со неговата свита трошеа непродуктивно пари, пари на граѓаните огромни пари во целиот тој период потрошена е една милијарда евра. Најголемиот број од тендерите во 4 очи и она што е најапсурдно беа трошени пари во време кога им беа потребни на стопанството на граѓаните за набавка на шкампи, морски плодови за функционерите за СДСМ во владата вклучително беа поделени и околу половина милион евра на невладини организации во предизборен период.
Така да, единствено вонредната состојба наместо за справување со Ковид19 пандемијата, беше искористена за богатење и личен интерес на одредени функционери на СДСМ и владата. Да беа искористени вонредните состојби во насока на справување на пандемијата, односно на здравствената и економската криза, ние сега веќе ќе немавме пандемија во Република Македонија и ќе немавме проблем со корона кризата. Но, за жал сега уште повеќе пандемијата е навлезена во државата, уште повеќе зема замав и за жал се повеќе се економските последици видливи кај граѓаните и кај фирмите. И уште последна работа, Зоран Заев додека вели дека душата го боли што останале голем број на луѓе без примања и без работа во корона пандемијата, сето тоа е лицемерно и тоа не е така, бидејќи граѓаните гледаат се и неможат веќе да бидат прелажани и изманипулирани дека таа вонредна состојба на него му беше единствено важно и гајле да парите од набавките завршат како непродуктивни трошоци и наместени тендери во нивните џебови, вели Арсовски.