Границите на Унгарија остануваат затворени до крајот на октомври

Границите на Унгарија ќе останат затворени до крајот на октомври со цел да се спречи понатамошно ширење на коронавирусот, беше објавено од кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија забрани влез на странски државјани на 1 септември и донесе одлука дека сите Унгарци што ќе се вратат од странство мора да одат во карантин, пренесува „Ројтерс“.

Во Унгарија досега се потврдени 27.309 случаи на Ковид-19 и 718 смртни случаи кај ковид-пациенти.

Во ЕУ без ограничувања можат да патуваат само граѓаните на Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај, како и на Кина под услов таа да одобри бесплатно патување на граѓаните на ЕУ на нејзина територија.

Треба да знаете
Последни објави