Фудбалерот на англискиот Манчестер сити, Кевин де Бруин беше награден од УЕФА со наградата најдобар играч од средниот ред за минатата сезона.
Белгиецот победи во силната конкуренција, иако „граѓаните” беа елиминирани во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Де Бруин не присуствуваше на церемонијата денес во Женева и се заблагодари од далечина.
– Оваа награда е многу вредна за мене, бидејќи во Лигата на шампионите се натпреваруваш со најдобрите, рече играчот за врска на Манчестер Сити.