Ереван вели дека соборен азербејџански хеликоптер се урнал во Иран, Баку демантира

Армијата на одбраната на непризнатата Република Нагорно Карабах (НКР) собори хеликоптер на Азербејџанското воено воздухопловство на контактната линија, кој подоцна се урна на територијата на соседен Иран, рече портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанјан, во својата изјава на Фејсбук, пренесува ТАСС.

„Денес, на јужниот правец на конфликтот меѓу Артсак и Азербејџан, во близина на висината Варазатумб (Леле Тепе), Армијата на одбраната на Артсак собори борбен хеликоптер на Азербејџанското воено воздухопловство, кој се урна на иранска територија.

Министерството за одбрана на Артсак наведува дека овој инцидент не бил намерен.

„За жал, ваквите инциденти се неизбежни бидејќи борбите се одвиваат многу близу до границата со Иран “, се вели во соопштението.

Министерството за одбрана на Азербејџан ги демантираше ерменските извештаи дека се соборени азербејџански хеликоптер и авион.

„Извештаите на ерменските медиуми, во кои се тврди дека авион и хеликоптер на Азербејџанските вооружени сили наводно се урнале на иранска територија се лажни и неосновани. Најласуваме дека целиот авијациски хардвер на азербејџанското воено воздухопловство е целосно во функција и е на должност “, рече портпаролот на азербејџанското Министерство за одбрана, Вагиф Даргали.

На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдеше дека вооружените сили на Азербејџан почнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.

Двете страни пријавија жртви и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територијата.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година тензиите зовреа и ескалираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под закрила на групата од Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.

Треба да знаете
Последни објави