Како никој да не сфаќа колку е тенка линијата меѓу воен конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот во врска со растечките тензии во источниот дел на Медитеранот меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да и оддаде признание на официјална Анкара за „спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земја во која има четири милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот”.
– Во секоја прилика мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.