– Фирмите за финансиски услуги кои работат во Велика Британија префрлиле околу 7.500 вработени и повеќе од 1,2 трилиони фунти (1,6 трилиони американски долари) во Европската унија пред Брегзит, информира Блумберг и додава дека следните недели најверојатно ќе има уште одлив на капитал и луѓе.
Само во текот на минатиот месец биле најавени околу 400 преселби соопшти денеска во извештај консултантска фирма која следи 222 најголеми финансиски фирми со значителни операции во Велика Британија. Откако Велика Британија гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година, финансиската индустрија доби 2.850 работни места во ЕУ, а најмногу во Даблин, Луксембург и Франкфурт.
Во исто време, фирмите кои до сега работеле на Островот, нема да можат да нудат услуги во ЕУ. Тие ќе мора да се потпрат на можноста Унијата на Британија да и даде таканаречен еквивалентен статус за да можат да извршуваат деловни активности со клиенти во регионот. Околу 25 проценти од приходите на британските фирми доаѓаат од земјите во Унијата.