Реал Мадрид тешко стаса до бодовите против Валјадолид

Фудбалерите на Реал Мадрид тешко стасаа до бодовите против Валјадолид (1:0) во натпревар од четвртото коло во шпанската фудбалска Ла Лига. Актуелниот шампион до вториот триумф во сезоната стигна со голот на Винисиус Жуниор постигнат во 65. минута.

Бразилецот седум минути претходно го замени Лука Јовиќ кој втор пат по ред добива шанса од првата минута од Зинедин Зидан.

Јовиќ, кој веројатно ќе си замине од клубот како позајмен фудбалер остави добар впечаток во неполниот час кој го помина на теренот.

 

Треба да знаете
Последни објави