Роналдо против Меси во групната фаза од Лигата на шампионите

Групите за новата сезона во фудбалската Лига на шампионите станаа повеќе од интересни. Можеби врв на оваа фаза од натпреаврувањето во најквалитетното натпреаврување е конфронтацијата помеѓу Барселона и Јувентус, кои паднаа да играат во групата „Г”.

На овој начин, љубителите на фудбалот повторно ќе бидат сведоци на ривалството помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Другите две екипи во нивната група се Динамо Киев и Ференцварош.

Интер на Антонио Конте ќе се натпреварува со Реал Мадрид, а Шахтјор Доњецк и цврстата германска екипа на Борусија Менхенгладбах ќе им прават друштво во групата „Б”.

Шампионот Баерн Минхен имаше тешка ждрепка и ќе игра во групата „А” со Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург и Локомотив Москва.

Англискиот шампион Ливерпул ќе ги одмери силите со Ајакс, Аталанта и Митјиланд во групата „Д”, додека групата „Х” ни обезбедува возбудливи дуели меѓу екипите на Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг и Истанбул Басакшехир.

Групна фаза во ЛШ за сезоната 2020/21:

Група „А”: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург, Локомотив Москва.

Група „Б”: Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах.

Група „Ц”: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј.

Група „Д”: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд.

Група „Е”: Севиља, Челси, Краснодар, Рен.

Група „Ф”: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж.

Група „Г”: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош

Група „Х”: Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг, Истанбул Басакшехир.

Треба да знаете
Последни објави