Голманот на актуелниот европски и германски фудбалски првак Баерн Минхен, Мануел Нојер е прогласен за најдобар чувар на мрежата според УЕФА за минатата сезона.
Германецот стигна до „требл” со Баварците, кои триумфираа во Лигата на шампионите, а последните недели Нојер додаде уште два трофеи со освојувањето на Суперкупот на Европа и Суперкупот на Германија со Баерн.
Во првите тројца за најдобар голман се и Кејлор Навас (Пари Сен Жермен) и Јан Облак (Атлетико Мадрид).
Антони Лопез (Лион) остана на четвртото место, а Алисон Бекер (Ливерпул) беше петти.