По еден месец одложување денеска почна новата учебна година за 270.000 средношколци и основци, меѓу кои 19 илјади се првачиња.
Училишното ѕвонче заѕвони за учениците од прво до трето одделение кои наставата под посебни протоколи ќе ја следат од училишните клупи. Дисциплинирано и со почитување на мерките првачињата денеска се запознаа со своите наставнички и сооученици.
Фото: Слободан Ѓуриќ