Арчи Линдхарст, ѕвездата на „Си-би-би-си“, син на Николас Линдхерст од „Сплетки“ (Only Fools And Horses), почина на 19-годишна возраст по кратко боледување, објави британскиот јавен сервис „Би- би-си“.
Арчи стана познат по улогата на Оли Колтон во комичната серија So Awkward.
„Tој беше многу талентиран млад актер. Сите ние во „Би-би-си чилдрен“ сме скршени од тага,“ изјави Шерил Тејлор, еден од директорите во „Си-би-би-си“.
„На сите ќе ни недостига многу, и во овие моменти изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите.“
Арчи ја започна својата актерска кариера во театарското училиште „Силвија Јанг“ на 10-годишна возраст.
Во 2019 година, Николас се појави заедно со неговиот син во една епизода од серијата So Awkward.