Министерството за Финансии, предводена од Демократската Унија за Интеграција, го претстави четвртиот пакет економски мерки пред Владата на Република Северна Македонија, презентирајќи над 40 економски мерки за закрепнување на домашната економија, поддршка за зачувување на работните места, поддршка за приватна потрошувачка и мерки за финансиска одржливост и стабилност. Владата одобри 31 мерка од четвртиот пакет, одобрувајќи 470 милиони евра за помош на деловните субјекти и граѓаните да излезат од кризата предизвикана од Ковид пандемијата.
Пакетот предвидува продолжување на субвенцијата за плата во износ од 14.500 до 21.776 денари по вработен за три месеци, за месеците октомври, ноември и декември. Новата методологија за помош за плати ќе поддржи 83.000 работни места месечно, или 250.000 вработени за последниот квартал за оваа година. Вредноста на оваа мерка е 70 милиони евра. Оваа мерка е наменета за сите претпријатија, земјоделци, занаетчии и лица кои вршат други услуги.
Над 283.000 граѓани ќе добијат платежни картички за набавка на домашни производи за стимулирање на потрошувачката и поддршка на домашната економија во износ од 27,6 милиони евра. На овој начин, 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионери со пензија до 15.000 денари, 85.108 невработени – пасивни баратели на работа и 520 независни уметници, филмски работници, културни работници ќе добијат домашна платежна картичка во износ од 6000 денари.
Обезбедивме средства за нови поволни заеми од 100 милиони евра што треба да се пласираат преку Банката за развој на Република Северна Македонија, ново ослободување од одобрени заеми за бескаматните заеми од линијата Ковид-1 како и дополнително одложување на отплатата на заемот за претпријатијата се предвидени до крајот на годината.
Во периодот на имплементација на четвртиот пакет ќе се активира и мерката – Државна кредитна гаранција. Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра, на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.
Од голема поддршка за компаниите ќе биде и мерката – Државна царинска гаранција. Оваа мерка има за цел да обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.
Четвртиот пакет мерки дополнително ги поддржува секторите кои претрпеа последици од кризата од Ковид 19, како мерки за туризмот, угостителството и транспортниот сектор, што обезбедува, меѓу другото, неповратна помош за туристички агенции, свадбени ресторани и игротеки.
Пакетот предвидува и мерки за поддршка на локалната самоуправа-општините, за да се обезбеди нивна финансиска стабилност.
Во овој пакет-мерки ќе се спроведе и мерката Викенд без ДДВ. Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ”, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари Четвртиот пакет економски мерки предвидува даночни олеснувања за деловните субјекти, што ќе го стимулира одржувањето на ликвидноста и нивното закрепнување во наредниот период.
Четвртиот пакет мерки ќе опфати над 600 илјади граѓани.
Претходните три антикризни мерки спроведени од владата заштедија стотици илјади работни места и пружеа помош на десетици илјади бизниси.
Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра, поддржани се околу 120 000 вработени граѓани и околу 20 000 компании и над 5000 сопствени активности.
Преку кредитните линии Ковид-1 и Ковид-2, над 13 милиони евра беа инјектирани во економијата за 1376 компании со скоро 18 000 вработени. Заедно со трите линии, 62,8 милиони евра беа префрлени на деловните субјекти преку Банката за развој.
26,8 милиони евра завршија со 309 000 граѓани кои добија локални платежни картички преку мерката „Купувам домашно”, а преку мерката „дома си е дома” беа поделени ваучери за туризам на над 117 000 граѓани во вредност од 12 милиони евра.
Вредноста на првите три сета економски мерки беше 550 милиони евра.
Со четвртиот пакет, продолжуваме со сеопфатна помош за граѓаните и економијата.
Вредноста на 4-от пакет економски мерки е 470 милиони евра и заедно со вкупната вредност на претходните три сета на мерки од 550 милиони евра, тоа значи дека 1 милијарда и 20 милиони евра се насочени повторно кон граѓаните и стопанството за да обезбедиме стабилна одржливост на економијата со потенцијал за ревитализација.
Демократската Унија за Интеграција продолжува да биде цврсто посветена за граѓаните и економијата.