Иако се споменуваше како трансфер-цел на неколку клубови, сепак на адреса на Арсенал не пристигна сериозна понуда. Сега се јави Олимпик Марсеј со понуда за едногодишна позајмица на 21-годишниот фудбалер од средниот ред.
Приоритет на премиерлигашот е да го продаде Гендузи, но би прифатил и позајмица доколку нема висока понуда. Французинот изминатите две сезони беше стандарден во првиот тим на „топчиите“ и запиша вкупно 82 настапи и постигна само еден гол.