Портпарол на Џонсон: Конструктивни преговори на Британија и ЕУ

Преговорите меѓу Велика Британија и Европската унија се водени во конструктивен дух, а Лондон работи напорно за да го обезбеди договорот, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој рече дека Велика Британија е посветена на работата преку заеднички комитет, кој ги обединува двете страни, за да се најде решение за протоколот за Северна Ирска, кој, како што тврди Велика Британија, ќе биде прекршен доколку двете страни не постигнат поширок договор.

– Разговорите продолжуваат денеска и мислам дека беа водени во конструктивен дух и ние секако сме посветени на продолжување на конструктивната работа со цел да се обидеме да постигнеме договор, рече портпаролот. 

Треба да знаете
Последни објави