Прогласени се победниците на HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2020

На 29 септември, по 114 дена фотографирање, снимање, поднесување апликации и оцени од стручното жири, наградите од HUAWEI NEXT-IMAGE 2020 веќе се наоѓаат во рацете на заслужените добитници. Оваа година, во рамките на глобалниот натпревар, беа примени рекорден број фотографии и видеа – 1,19 милиони. Со 128% повеќе апликации од минатогодишниот натпревар, HUAWEI NEXT-IMAGE 2020 станаа едни од најпопуларните и највлијателни награди во светот на фотографијата и видеографијата.

Кандидатите се натпреваруваа во шест категории, од кои се издвојуваат три победници на Гран При награда, 15 победници по категории, 50 придружници и пет почесни награди. Победниците на Гранд При добија по 10.000 долари од фондот на NEXT-IMAGE, а секој победник по категорија доби 1000 долари. Победниците во сите категории беа наградени и со HUAWEI P40 Pro. Жирито составено од светски познати фотографи, како Стив МекКари, Елисавета Породина, Каролина Хенке, Рубен Крабе и Ендру Гаричаи (Главен бренд директор (CBO) во HUAWEI Consumer Business Group) и Ли Чангжу (заменик директор за маркетинг стратегии на HUAWEI Consumer Business Group), имаше тешка задача да ги одбере најдобрите дела. Добитниците на Гран При се љубители на фотографија од Данска, Аргентина, Кина.

Приказните раскажани од добитниците на Next-Image Awards 2020

Фотографијата не само што ги доловува чувствата на фотографот во моментот, туку исто така ги раскажува приказните на луѓето во текот на денот. HUAWEI NEXT-IMAGE Awards 2020 не е само фото-натпревар, туку платформа за раскажување приказни и споделување емоции.

Данскиот победник на Гран При, Суне Педерсен, ја прикажа топлината што зрачеше од прегратките на дедото и неговите внуци за време на пандемијата. Категоријата е “Hello, Life!”.

Коментар од жирито:

„Прегратката” илустрира една универзална приказна. Ја отсликува ситуацијата со која се соочуваат милијарди луѓе од почетокот на пандемијата. Вака изгледа блискост во светот во кој живееме сега. Повеќе од кога и да е потребен е човечки допир, пријатели и роднини. Треба да најдеме нови начини да дадеме љубов и внимание за да ја избегнеме осаменоста и да се осигураме дека постарите лица не се изолирани.

Steve McCurry

Magnum Photographer (US)

Аргентинскиот фотограф Карломан Масидијано Сеспедес Риохас ја користи камерата на паметниот телефон за да сними низа секојдневни моменти. Оваа низа од девет слики може да изгледа како неповрзана на прв поглед, но заедно, смиреноста и безвременоста повикуваат на поедноставни времиња. Фотографијата насловена „Resilience“ во категоријата „Storyteller“ исто така беше наградена со Гран При.

 

Третата Гран При награда беше доделена на делото на кинескиот фотограф Lin Haiyin, „Master of the Horse and the Horses“. Во ова видео од четири минути, господарот на коњи зборува на антички таџикистански дијалект, раскажувајќи ја неразделната приказна на Таџикистанците и коњите со генерации.

Вреди да се напомене дека бројот на апликации во видео категоријата „Timeline“ е зголемен за 22 пати во споредба со минатата година.

NEXT-IMAGE Аwards, испреплетеност на човекот и технологијата

Меѓу пријавените апликации на овогодинешното доделување на NEXT-IMAGE Awards, трите најкористени модели на паметни телефони се претставници на P сериите на HUAWEI. Токму оваа иконска серија продолжува да ги надминува границите на мобилната фотографија со технолошки достигнувања, инспирирајќи ги глобалните корисници на паметни телефони и овозможувајќи им да ја доловат и споделат убавината на животот во секое време, на било кое место.

Треба да знаете
Последни објави