Деца на возраст од дванаесет години нападнале месар во францускиот град Лион, наводно, бидејќи во месарницата продавал производи од свинско месо, пренесува локалниот весник „Ле Прогрес“.
Нападите се случиле на 19 септември во месарницата лоцирана во осмиот арондисман во Лион. Во првиот инцидент околу 16 часот децата само ги навредувале вработените.
„Нè обвинуваа за продажба на свинско месо“, вели еден од месарите.
По околу петнаесет минути, неколку работници во продавницата излегле надвор и ги избркале децата, но три деца се вратиле во месарницата со канистри со солзавец и ги испразниле во продавницата во која имало купувачи.
Полицијата пристигнала на местото на настанот и ги избркала шесте деца, но тие повторно се вратиле нешто по 18 часот со уште тројца млади луѓе. Според еден вработен, едно дете од групата извадило лажен пиштол за да им се закани.
„Тие нè исмеваа од плоштадот. Едниот се закануваше со лажен пиштол, двајца ни се заканија со непристојни гестови, а другите се смееја “, рече вработениот во месарницата.
Полицијата подоцна уапсила еден член на групата за кој брзо било утврдено дека има само дванаесет години и бил ослободен поради неговата возраст.
Франција регистрира наплив на злосторства извршени од малолетни престапници, особено малолетни мигранти без придружба. Пред само неколку недели, полицијата во Монпелје уапси 13-годишно девојче мигрант за џепарење на градската железничка станица. По апсењето, откриено е дека девојчето било бремено осум и пол месеци.
Минатата година тројца малолетни мигранти од Алжир беа уапсени за брутално мачење и убиство на 28-годишник од Лион, кое исто така беше пренесувано во живо на социјалните мрежи. Тројцата Алжирци биле уапсени откако избегале во соседна Шпанија.