(Видео) Убиство во Нови Пазар – снимен моментот кога убиецот му приоѓа и пука

Во населбата Јалија во Нови пазар е убиен маж од Приштина, а за инцидентот се појави видео, на кое се гледа токму моментот од убиството.

Како што пренесуваат локалните медиуми, се работи за бизнисмен од Приштина, во кого засега непознато лице испалило повеќе куршуми. За време на пукањето рането е уште едно лице.

Првичните резултати од истрагата укажуваат дека пред убиството тој пукал од пиштол и ранил еден маж во нога, а потоа засега неидентификувано лице неколкупати пукало од пиштол и го усмртил Сељати од Приштина.

Како што додаваат локалните медиуми, убиениот е сопственик на агенција која се занимава со превоз на стоки и патници.

Треба да знаете
Последни објави