Литванскиот министер за надворешни работи Линас Ликевичиус изјави дека ниту Литванија ниту Полска немаат намера да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.
– Ние нема да ги повикаме нашите амбасадори на консултации и дефинитивно нема да сториме ништо за да го намалиме бројот на персоналот, рече Ликевичиус пред новинари во Вилнус.
– Доколку советот од Минск стане барање, тогаш ќе преземеме соодветни мерки, додаде шефот на литванската дипломатија.
Белорусија претходно ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск.
Белоруското Министерство за надворешни работи побарало вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.
Белоруското Министерство за надворешни работи на крајот на септември соопшти дека ќе воведе санкции против околу 300 претставници на балтичките држави – Естонија, Летонија и Литванија, како одмазда за воведувањето забрана за патување на голем број белоруски функционери.
Белоруската Влада, во меѓувреме, објави дека ги укина акредитациите за сите странски новинари во земјата и оти тие мораат повторно да аплицираат за акредитација.