Мицотакис: ЕУ испрати јасна порака на единство, солидарност и решителност

Грција е апсолутно задоволна од заклучоците на Самитот и очекуваме, колку е можно побргу почеток на прелиминарните контакти со Турција, за кои и двете страни се обврзаа, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека вчера, Европската Унија испрати јасна порака на единство, солидарност и решителност и „разјасни дека отстранувањето на секаква еднострана активност е предуслов за подобрување на односите на ЕУ со Турција, нешто што сите го посакуваме”.

-Но, и истовремено јасно стави до знаење кои ќе бидат последиците во случај Турција да продолжи со агресивното однесување, истакна Мицотакис пред почетокот на денешните состаноци на шефовите на влади и држави на ЕУ.

Односите на Европската Унија со Турција, како и планот на ЕУ за Фондот за закрепнување биле темите за кои грчкиот премиер, денеска разговараше со неговиот унгарски колега, на средбата по барање на премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Треба да знаете
Последни објави