Надал експресно мина во шеснаесетфиналето на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер и втор светски рекет, Рафаел Надал, без проблеми се пласираше во осминафиналето на годинешното издание на гренд-слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз.

Шпанскиот тенисер во 1/16-финалето од францускиот гренд слем беше немилосрден. Својот противник, 74-тиот играч на светот, Стефанo Траваља буквално го декласираше, недозволувајќи му во ниту еден момент посериозно да го загрози неговиот триумф.

Надал загуби само пет гема. Првиот сет го доби со 6:1, вториот со 6:4, а во последниот сет славеше без загубен гем (6:0) и со 3:0 во сетови го прослави својот пласман во следната фаза.

Во осминафиналето Надал ќе се соочи со Амерканецот Себастијан Корда, кој денеска го совлада Шпанецот Педро Мартинез со 3:0.

Меѓу најдобрите 16 денеска пласман изборија и Тим, Гастон и Сонего.

Треба да знаете
Последни објави