Австралискиот експерт за Ковид-19 Норман Свон објави свои здравствени проценки за американскиот претседател, Доналд Трамп, кој е заболен со коронавирус.
Како што вели тој, животот на Трамп е во опасност имајќи ја предвид неговата возраст и здравствената слика.
Познатиот лекар, кој јавноста го знае како „австалискиот лекар Фаучи“ изјави дека на 74-годишна возраст, стапката на смртност од коронавирус е помеѓу пет и 15 отсто.
Тој додава дека дебелината на Трамп била над дозволената граница во однос на последниот лекарски преглед и тоа го зголемува ризикот на смртност помеѓу седум и 18 отсто, пренесе „Гардијан“.
Лекарот на американскиот претседател во Белата куќа, Шон Конли, изјави денеска дека Трамп ќе продолжи да ги извршува своите должности без никакви пречки и дека тој и првата дама Меланија Трамп, која, исто така, е позитивна на Ковид-19, се чувствуваат добро.