Државната комисија за спречување корупција утврдила дека 12 пратеници од минатиот парламентарен состав не доставиле анкетен лист по престанокот на функцијата, а шест пратеници доставиле со задоцнување.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, најави дека за нив ќе бидат покренати прекршочни постапки.
Анкетни листови не доставиле Неџбедин Таремани, Арта Точи, Зоран Георгиевски, Фадил Зендели, Ферид Мухиќ, Самка Ибраимоски, Илија Николовски, Амди Бајрам, Александар Филиповски, Диме Велковски, Џулумсер Касапи и Татјана Прентовиќ. Анкетните листови со задоцнување ги доставиле Реџеп Мемети, Борис Змејковски, Владимир Ѓорчев, Јохан Тарчуловски, Магдалена Манасковска и Лилјана Поповска.