Арсенал против Манчестер Сити во четвртфиналето на Карабао купот

Микел Артета ќе се соочи со својот поранешен ментор Пеп Гвардиола кога Арсенал ќе гостува кај Манчестер Сити во четвртфиналето од Лига купот.

Со тоа беше поставена ждрепката за Карабао купот, која беше извлечена само неколку минути откако „топџиите“ го елиминираа Ливерпул по пенал рулетот.

Тренерот на „топџиите“ беше асистент на Пеп пред да пристигне на „Емирати“, па ова ќе биде посебна пресметка за него, особено што „граѓаните“ ги освоија последните 3 изданија на турнирот.

Другиот многу интересен натпревар е Евертон против Манчестер Јунајтед на „Гудисон Парк“, поради досегашниот силен настап на „Карамелите“.

Тотенхем имаше среќа со големите тимови откако ќе се сретне со Стоук, иако како гостин, а последното четвртфинале е доста непредвидливо бидејќи Брентфорд ќе му гостува на Њукасл.

Натпреварите ќе се играат на 22 и 23 декември, потоа на почетокот на јануари се полуфиналето, а на 28 февруари ќе биде финалето.

Треба да знаете
Последни објави