Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе ја посети компанијата Актива во Штип и ќе оствари средби со стопанствениците од овој град.
Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, посетата на Актива, вицепремиерот Битиќи, заедно со в.д. градоначалникот на Штип Јане Миланов, ќе ја започне во 12 часот, со средба со менаџментот на компанијата, по што заедно ќе направат обиколка на производните капацитети.
Вицепремиерот Битиќи работната посета на Штип ќе ја продолжи со средба, со претставници на компании кои работат во овој град и во околината.