Донација од јапонската Амбасада за Македонската Кендо-Иаидо федерација

Третата донација од Јапонската Кендо Федерација за Македонската Кендо-Иаидо федерација ја предаде денеска јапонската амбасадорка Кеико Ханеда на свечена церемонија во тренинг центарот на федерацијата. 

Донацијата, која се состои од 40 шинаи и 20 комплети на кендо опрема ја прими претседателот на Македонската Кендо-Иаидо федерација, Златко Кесковски.

-Задоволство да бидам тука  и да ја предадам  оваа кендо донација.  Во име на Јапонската кендо федерација ја имам честа да предадам 20 сетови на заштитна опрема кендо богу и 40 мечеви од бамбус шинаи на Македонската кендо аидо федерација. Ова е трета донација од Јапонската кендо федерација за вашата федерација и покажува колку  е високо ценет вашиот напор да се промовира кендо во Северна Македонија и тоа е препознаено во Јапонија, изјави амбасадорката Ханеда на свечаната церемонија. 

Изрази надеж дека опремата ќе и помогне на македонската федерација во нејзините активности и оти понатаму ќе ги зајакне врските меѓу двете федерации.

Таа изрази благодарност кон сите во земјава, кои ги поддржуваат јапонските боречки вештини и јапонската култура.  

Кесковски заблагодарувајќи се за третата донација, истакна дека со помош на јапонската кендо федерација успеале да ја создадат македонската и да го овозможат нејзиното непречено работење во изминатите 13 години.

-Успеавме да бидеме домаќини на европското првенство во кендо и секако да ги промовираме не само јапонските боречки вештини, туку и јапонската култура воопшто,  организирајќи многу настани  поврзани не само со кендо спортот, нагласи Кесковски.

Тој се заблагодари за помошта што ја добиваат од јапонската федерација за развој на нивните инструктори. Нагласи дека оваа година, по четврти пат ќе учествуваат на семинарите организирани на светско ниво од страна на Јапонската кендо федерација.  

Пред две години учествувале на светското првенство и биле примени од Светската кендо федерација. 

Кендо е традицијонална јапонска боречка вештина која потекнува од мечувалството (кенџутсу), се користат мечови од бамбус (шинаи) и заштитен оклоп (богу). Кендото е присутно во Јапонија, но и во многу земји низ целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави