Среќен почеток во новата учебна година на неколку училишта во Радовиш им посакаа генералниот директор на „Адора инженеринг” професор д-р Ванчо Чифлиганец и извршната директорка, д-р Драгана Д. Чифлиганец, со донација на нови компјутери.
-Во вакви тешки времиња на пандемија Ковид-19 „Адора инженеринг” и Фондацијата „професор д-р Ванчо Чифлиганец”, одлучија со донација на 12 нови персонални компјутери и шест ајпади на неколку училишта во Радовиш да им помогнат на наставниците и на учениците непречено да ја реализираат и следат онлајн наставата. Оваа година е тешка за сите, се соочуваме со големи предизвици и затоа треба, секој според можностите, да го поддржиме образовниот процес, бидејќи после здравството, образованието е најважната алка во општеството, тоа се нашите идни генерации, порача професор д-р Ванчо Чифлиганец, при предавањето на донацијата, во присуство на директорите на училиштата.
Тие изразија огромна благодарност и порачаа дека оваа иницијатива на Фондацијата „професор д-р Ванчо Чифлиганец” ќе биде пример кој ќе го следат и други компании, организации и поединци.