Актерот Пирс Броснан, кој планира да се пресели на Хаваите, го продава својот луксузен дом покрај плажа во Малибу по цена од 100 милиони долари.
Хациендата инспирирана од филмот „Утре никогаш не умира“ може да му донесе на актерот од 007 серијалот огромна заработка доколку се продаде близу до поставената цена.
Пирс (67) ја изгради во 2010 година откако купи две одделни парцели за нешто помалку од 7.5 милиони долари уште во 2000 година.
Иновативната еко-пријателска хациенда со девет спални соби создава толку многу енергија што може да ја напојува главната куќа, надворешниот базен и двоспратната куќа за гости, а со преостанатите количини да донира во локалната мрежа, коментира британскиот весник „Сан“.