Косовскиот претседател им посака на Трамп и неговата сопруга брзо опоравување од Ковид-19

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази загриженост поради веста дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп се позитивни на коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку неговиот Твитер, од името на народот на Косово, им посака на претседателот и на првата дама на САД брзо оздравување и изрази уверување дека тие „ќе го надминат овој предизвик”.

– Загрижен поради веста дека претседателот Доналд Трамп и Меланија Трамп се позитивни на тестот за Ковид-19. На обајцата им посакувам брзо оздравување од името на народот на Косово. Уверен сум дека Доналд и Меланија ќе го надминат овој предизвик и бргу ќе оздрават, напиша Тачи.

Треба да знаете
Последни објави