Кралицата интервенирала за името на малиот принц Луис

Kејт Мидлтон и принцот Вилијам на своето трето дете му дадоа име Луис Артур Чарлс, но дел од неговата титула лебдеше во воздух години пред неговото раѓање, пишува весникот „Мирор“.

Војводата и војвотката од Кембриџ ги натераа фановите на монархијата да чекаат четири дена пред да го објават името на нивното трето дете – Луис Артур Чарлс.

Бидејќи има кралска титула, тој нема презиме и наместо тоа ќе биде официјално познат како Неговото кралско височество принцот Луис од Кембриџ.

Но технички не му била наменета оваа титула, и му била врачена само затоа што интервенирала неговата прабаба, кралицата, наведува британскиот весник.

Луис е традиционално кралско име и долго време се поврзува со француски кралеви, но веројатно принцот Вилијам и Кејт го одбрале во знак на почит кон некој близок до домот – лордот Луис Маунтбатен.

Вујкото на принцот Филип беше близок човек од доверба на дедото на малиот Луис, принцот Чарлс, и го поддржуваше во текот на некои предизвикувачки делови од неговиот живот.

Но, титулата „принцот“ е делот од името во кој се вмеша кралицата, презапишувајќи го правилото што го постави кралот Џорџ Петти, пренесува „Експрес“.

Во далечната 1917 година, тој воведе нови правила за тоа кои членови на монархијата им е дозволено да имаат титули – и кои се премногу далеку од линијата на сукцесија.

Тој одлучи сите деца на суверените автоматски да станат принц или принцеза, како и сите внуци родени по машката линија.

Сепак, правнуците не беа вклучени на списокот. Ова предизвика мал проблем кога се роди принцот Џорџ, бидејќи и покрај тоа што бил иден крал, тој не требало да ја има титулата.

Кралицата се вклучи и рече дека Џорџ ќе добие титула, но таа не застана тука, и реши да ја прошири промената кај сите деца на Кејт и Вилијам, пишува „Мирор“.

Треба да знаете
Последни објави