Членовите на најпопуларното реално шоу „Во чекор со Кардашијан“, обвинети за сексуално вознемирување.
Стражарот Мек Вилијам ги обвинил Крис Џенер и нејзината ќерка Кортни Кардашијан за сексуално вознемирување на работно место. Чуварот ги тужел наведувајќи дека тие две го вознемирувале со разни сексуални коментари, како и несоодветни постапки додека работел во нивната куќа.
Сега Крис и Кортни велат дека тоа е само незадоволство од поранешниот вработен и дека сè што кажал било „измислено и лажна фикција“.
Марк Мек Вилијамс тврди дека двете жени за кои работел често имале отворени коментари од сексуална природа, како и коментари за неговиот изглед, за неговите сексуални активности и неговите врски.
Исто така, тој навел дека Крис често го допирала, му го масирала вратот, рамената, рацете, но се обидувала и да се „трие“ од него. Додал и дека имала непристојни, сексуални, сексистички, расистички, хомофобни и други начини на дискриминирачки коментари кон него и колегите.
– Крис негира дека се однесувала непримерно кон Марк Мек Вилијамс. Тој работел пред куќата и никогаш не ни влегувал во домот на Крис. Крис имала многу малку комуникација со него. Откако стражарот во повеќе наврати бил фатен како спие во својот автомобил додека бил на работа, од неговата компанија било побарано во иднина да не го испраќаат да работи таму – рекол нејзиниот адвокат.