Регионалната Влада на Мадрид поднесе жалба против одлуката за делумна блокада на шпанскиот главен град неколку часа пред рокот за воведување нови рестриктивни мерки, кои вечерва треба да стапат во сила.
Во жалбата се бара судиите од Националниот суд да забранат ограничување на движењето, собири и трговија, со аргументи дека наредбата на централните власти ги крши законите за регионална самоуправа и предизвикува целосно неоправдана економска штета.
Во Мадрид, стапката на зараза со коронавирусот е 659 случаи на 100.000 жители, што е двојно повеќе од националниот просек во Шпанија кој изнесува 274 случаи на 100.000 жители и седум пати поголем од европскиот просек.