Најмалку 13 загинати во пожар во забавен парк во Кина

Во пожар што избувна во забавен парк во Кина загинаа 13 лица, а 15 се повредени, објавија властите.

Пожарот избувнал во четвртокот, на првиот ден од осумдневниот национален празник, во салата каде што биле изложени ледени лампиони и скулптури од снег во забавен парк во предградието на градот Таијуан во провинцијата Шанкси, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Според новинската агенција „Ксинхуа“, 15 повредени лица се пренесени во болница и нивната состојба е стабилна.

Според АП, милиони луѓе се очекува да патуваат во Кина за време на националниот празник, што треба да даде поттик за економијата погодена од пандемијата на коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави