Пејачката Сека Алексиќ неодамна го реновираше својот семеен дом, а сега ја отвори вратата од својата скапоцена гардероба и го покажа своето „кралство“.
Сека е позната како жена која е голем љубител на брендирани работи, а има посебна опсесија со чевлите. Не знае ни колку парови чевли со високи потпетици има, сепак, во последно време почесто се одлучува за рамни чевли.
Никој не влегува во нејзиното „мало кралство“ освен неа, бидејќи гардеробата е само дел од нејзиниот простор, каде што по уредувањето и чистењето сака да се одмора на двоен кревет, кој се наоѓа на самиот влез од собата.
Иако до пред неколку години трошеше големи количини пари на брендирани парчиња облека, сето тоа се смени кога стана мајка, бидејќи сега таа претпочита да троши пари на своите синови и на нивните предмети.
– Повеќе не сум роб на чантите и брендираните чевли. Ова сè што гледате е од периодот кога бев помлада. Кога ќе станете мајка, најважно е да купувате работи за децата, а не за себе – вели Сека за Ексклузив.
Без оглед на тоа што е јавна личност, таа не спаѓа во оние жени кои имаат комплекс што не може да носи една работа повеќе од еднаш…
Преземено од Женски магазин