– Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) соопшти дека покрај ученицие, со проблеми за онлајн-настава се соочуваат и голем број наставници што немаат компјутери и дека според Законот за работни односи работодавецот е должен да обезбеди средства за работа.
– До нашиот синдикат деновиве стигнуваат бројни поплаки од наставници за притисоци што им се вршат од страна на нивните надредени, директори на училиштата, да си обезбедат компјутери за да реализираат настава. Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот, наведува НСОН во соопштението.
Овој синдикат ја повикува министерката за образование Мила Царовска поскоро да предложи мерки за надминување на проблемот. Од неа чекаат одговор и на нивното барање за средба бидејќи, како што наведува, тие се легитимен синдикат за образование.