Општина Кисела Вода на својата територија, продолжува да работи во насока на подобрување на инфраструктурата.
Во моментов, во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево. На патот, предвидено е да бидат поставени и стабилизирачки банкини. Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на патот.
Реконструкцијата на улицата заеднички ја вршат Општина Кисела Вода и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
Денеска градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски извршија увид во работните активности на патот.